МАKЕДОНИЈА -лулка на културата, земја со природни убавини

Република Македонија е лоцирана на јужниот дел од Балканскиот полуостров. Со исклучиво поволна географска положба, тука се вкрстуваат трговските патишта на Европа, Азија и Африка, со централно значење на железницата која низ Вардарската долина ја поврзува Централна Европа преку Егејот со Средниот Исток. Македонија е земја на сонце, езера, долини и планини, земја со голема традиција, 4000 археолошки наоѓалишта од кои 150 се прогласени за културни споменици. Стоби, Хераклеа Линкестис, Скупи, Кохино се само дел од нив. Во Македонија постојат 1,720 цркви и манастири изградени во средниот или кон крајот на 19 век, а 135 од нив се прогласени за културни споменици.

ОТКРИЈТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Име: Република Македонија

Површина:25,333 км2 од кои копно:24,856км2 вода: 477 км2

Географска Положба:Балкански Полуостров со транспортни врски кои ја поврзуваат Западна и Централна Европа со Егејско Море и Јужна и Западна Европа.

Соседни земји: Албанија 151 км, Бугарија 148 км, Грција 228 км, Србија и Црна Гора 221 км

Популација: 2,041,467 жители (попис '96)

Главен град: Скопје

Поголеми градови: Битола, Охрид, Струга, Штип, Куманово...

Валута: 1 Македонски денар (МКД)

Јазик: Македонски (Кирилицно писмо)

Клима: топло и суво лето и есен и ладна зима со снежни врнежи.

 

Транспортни врски за Македонија:

со авион: Интернационални аеродроми: Скопје (24км), Охрид (7км) -: директни летови:Амстердам, Атина, Белград, Берлин, Будимпешта, Копенхаген, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Москва, Минхен, Рим, Штутгарт, Виена, Загреб, Цирих.

со железница: Интернационални патиста: М5 Будимпешта-Белград-Скопје / Атина-Солун-Скопје

Мегународни патишта: Будимпешта-Белград-Скопје / Атина-Солун-Скопје

Истанбул-Софија-Скопје / Истанбул-Солун-Скопје / Тирана-Охрид (Струга)-Скопје

Патни документи: пасош, доколку сте возач на патничко возило потребна е возачка дозвола, документација за регистрирано возило и осигуруванје на возилото - зелен картон. Македонија ги признава возачките дозволи од сите Европски земји.

Државни празници:

  • 1-ви и 2-ри Јануари- Нова Година
  • 7-ми Јануари- Божиќ
  • Април/Мај - Велигден
  • 1-ви Мај- Ден на трудот
  • 2-ри Август- Илинден (Национален ден на Македонија)
  • 8-ми Септември-Ден на независност
  • 11-ти Октомври-Ден на востание на Македонија
herakleakokinoplaosniksv-naum

 

 

Falcon incoming

Falcon incoming

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: