Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Виена
Печати
falcon travel
Виена за 8 Март

1 ден 08.03.2012 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје) и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 09.03.2012 Виена

Пристигнување во Виена околу 10:00ч. панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 10.03.2012 Виена

Појадок. После појадокот, поаѓање кон центар и можност за шопинг на познатата шопинг улица „Марихилфер штрасе“. После тоа, поаѓање кон шопинг центарот Сити Суд – SCS и можност за шопинг во еден од најголемите шопинг центри во Европа. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, можност за факултативна посета на традиционален австриски ресторан* или индивидуални прошетки низ центарот на Виена. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 11.03.2012 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон центар. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“* (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула*. Поаѓање кон Скопје во 18 часот со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 12.03.2012 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.700 мкд или 124€ во хотел Ananas со 4* или Favorita со 4*

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.130 мкд или 115€ во хотел HB-1 со 3*

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобуси
  • Сместување во хотел во Виена со 3* или 4* на база 2 НП (ноќевање / појадок)
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун – 20€ (задолжително пријавување и уплата до 01.03.2012 и минимум пријавени патници за реализација: 25)
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ (задолжително пријавување и уплата до 01.03.2012 и минимум пријавени патници за реализација: 30)
  • Дунавска Кула – 7€ (задолжително пријавување до 01.03.2012 и минимум пријавени патници за реализација: 30)
  • Патничко осигурување – 5€
  • И се што не е наведено во програмата

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: