Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Прага
Печати
falcon travel
Прага за 8 Март

1 ден 07.03.2012 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок со групата во 13:00ч. на паркингот пред хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје) и поаѓање за Прага, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 08.03.2012 ПРАГА

Пристигнување во Прага околу 13:00ч. Сместување во хотел. Слободно попладне и вечер за посета на традиционален чешки ресторан за дочек на 8ми Март или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.03.2012 ПРАГА

Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време.Вечерта факултативна можност за посета на некој од прашките клубови или пивница. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.03.2012 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 11.03.2012 ПРАГА – ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 10:00ч. Пристигнување околу 16:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Скопје околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 12.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.130 мкд или 115€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • Сместување во хотел Голф 3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич Прага
  • Организиран разглед на Виена
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Влтава – 15€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич - 25€
  • патничко осигурување - 5€
  • Посета на традиционален чешки ресторант за дочек на 8ми Март - 30€
  • Индивидуални трошоци

 

Пријавување и уплата на аранжманот и факултативитe најдоцна до 27.02.2012

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: