Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Будимпешта
Печати
falcon travel
Будимпешта за 8 Март

1 ден 15.03.2012 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во 17:00ч. на паркингот пред хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје) и поаѓање за Будимпешта. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 16.03.2012 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта околу 09:00ч. и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав... Слободно време за прошетка во центарот на Будимпешта. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, факултативна можност за крстрарење по Дунав,* под прекрасните будимпештански мостови. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 17.03.2012 БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, поаѓање кон центарот на градот и можност за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта – плоштадот ОКТОГОН и можност за посета на трговскиот центар WEST END. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. После тоа, можност за факултативна посета на традиционален ресторант – чардаш* (со цигански фолклорни игри и многу забава). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 18.03.2012 БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта на познатата улица - Ваци. После тоа, посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во 18:00ч. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и церински формалности.

5 ден 19.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.500 мкд или 89€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав - 15€ (задолжително пријавување и уплата до 09.03.2012 и минимум пријавени за реализација: 30 патници)
  • посета на ресторант (чардаш) - 25€ (задолжително пријавување и уплата до 09.03.2012 и минимум пријавени за реализација: 30 патници)
  • патничко осигурување - 5€
  • и се што не е наведено во програмата

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: