Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Истанбул
Печати
falcon travel
Истанбул за 8 Март

1 ден 08.03.2012 (четврток) Скопје – Истанбул

Состанок со групата на паркингот пред хотел “ВИП” (спроти Саем – Скопје) и поаѓање за Истанбул во 15:30ч. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 09.03.2012 (петок) Истанбул – Панорамски разглед на Азиски дел – Бејлербеј

Пристигнување во Истанбул во предпладневните часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови следи панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул - Бејлербеј каде е снимена познатата хит серија "Кога Лисјата паѓаат". Можност за факултативна посета на највисоката зграда во Европа Sappire Seyir Terasi (236м.) која на последниот кат нуди неверојатна панорамска глетка на Истанбул под агол од 360* како и можност преку четири-димензионалните симулации да се надлета небото на градот и да се посетат најзначајните знаменитости како: Аја Софија, Топ Капи, Плава Џамија, Девојачката Кула, Глата Кула и др. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 10.03.2012 (сабота) Панорамски разглед на Истанбул

Појадок. После појадокот панорамски разглед на стариот дел од градот со локален водич: Римскиот аквадукт, Хиподромот, Сината џамија, Аја Софија и Токапи Палатата, посета на Вселенската Патријаршија. Враќање во хотел.Во вечерните часови посета на национален ресторан со богата шоу програма и свечена вечера.Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден. 11.03.2012 (недела) Долма Бахче Сарај и Крстарење по Босфор

Појадок. Напуштање на хотелот . Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство и Крстарење со брод по Босфор со панорамски разглед на мостовите кои ги поврзуваат – Европскиот и Азискиот дел на Истанбул.Во попладневните часови посета на еден од најпознатите шопинг центри Форум во Истанбул. Заминување за Скопје во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Грција.

5 ден. 12.03.2012 (понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.750 мкд или 109€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобуси
  • Сместување во хотел 3* во Истанбул на база на 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Национален ресторан на 10.03.2012 (факултативно) - 35€
  • Посета на Saphire Seyir Terasi – 15€
  • Посета Долма Бахче Сарај (факултативно) – превоз+ влезница+водич - 25€
  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул-Бејлербеј каде е снимена познатата хит серија "Кога лисјата паѓаат" – 10€
  • Влезници за Аја Софијаи Топ Капи Палатата
  • Патничко осигурување – 5€

 

Напомена:за реализација на овој аранжман како и за останатите факултативни излети се потребни минимум 45 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: