Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Краков
Печати
falcon travel
Краков за 8 Март

1.ден - 14.03.2012 СКОПЈЕ - КРАКОВ

Состанок со групата и поаѓање за Краков во 16.00 часот на паркингот спроти кај хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје). Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2.ден – 15.03.2012 КРАКОВ

Пристигнување во Краков во утринските часови. Посета на остатоците на градските ѕидини, тврдината Barbakan, Florianska улица, центарот на градските настани, црквата на Св.Марија со готичкиот олтар од жртвеникот Вито Штовса - најголемиот олтар во Европа, покриената чаршија, Парламентот, Колегиумот Mauis - главната зграда на Универзитетот Jagiel. Сместување во хотел. Слободно послепладне за индивидуални прошетки и активности... Ноќевање.

3.ден – 16.03.2012 КРАКОВ – АУШВИЦ – КРАКОВ

Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Аушвиц – најголемиот концентрационен логор од II Светска војна (разгледување на спомен музејот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО). Враќање во Краков... Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.

4.ден - 17.03.2012 КРАКОВ

Појадок. После појадокот заминување кон местото Wieliczka - Вјеличка (факултативно ), познатo по Кралскиот рудник за сол кој датира од 1124 год., кој денес во поголем дел е музеј. Секоја сала во рудникот е посветена на познати личности, преданија или настан во историјата на Полска ( склиуптури од сол). Ќе ја видиме и единствената катедрала Св.Кинге ( најголема подземна катедрала во светот), сала за танцување, соленото подземно езеро и многу повеќе. Вечерта, факултативна можност за посета на традиционален ресторан. Ноќевање.

5.ден - 18.03.2012 КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот слободно попладне за индивидуални активности...прошетки и шопинг. Околу 15 часот поаѓање за Скопје, возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6.ден-19.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.900 мкд или 159€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобуси
  • Сместување во хотел 3* на база на 3 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Краков со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за рудникот на сол со посета на подземната катедрала – 25€
  • Посета на Аушвиц – 15€
  • Ресторан – 35€
  • Останати влезници според програмата
  • Патничко осигурување – 5€
  • И се што не е наведено во програмата

 

За рализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: