|
![]() ![]() 1 ден 14.03.2012 СКОПЈЕ – ПРАГАСостанок со групата и поаѓање за Прага во 14:00ч. од паркингот кај хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка, со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ден 15.03.2012 ПРАГАПо пристигнувањето, сместување во хотел околу 14:00ч. Слободно време за одмор. Попладнето, можност за факултативно крстарење по В`лтава и слободно време за индвидуални прошетки низ центар. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање. 3 ден 16.03.2012 ПРАГА – БЕРЛИНПојадок. После појадокот, напуштање на хотелот и разглед на Прага со локален водич: Стариот град, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… После разгледот, слободно време за прошетки низ Прага. Во 16:00ч. поаѓање за Берлин. По пристигнувањето, сместување во хотел и слободна вечер. Ноќевање. 4 ден 17.03.2012 БЕРЛИНПојадок. После појадокот, разглед на градот со локален водич: Летната Палата на кралицата Шарлот, германската опера, спомен црквата, панорама на главната шопинг улица – Kurfurstendam, споменик на божицата на победата „Златната Елза“, новата желенизничка станица, германскиот Парламент – Бундестаг, Бранденбуршката порта, панорама на улицата „Unter den Linden“, Источната галерија со остатоците од Берлинскиот ѕид, ТВ-кулата, катедралата, плоштадот Александар, плоштадот Потсдам... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Берлин. Враќање во хотел во договорено време. Слободна вечер. Ноќевање. 5 ден 18.03.2012 БЕРЛИН – БУДИМПЕШТАПојадок. После појадокот, напуштање на хотелот и факултативна можност за посета на: Египетскиот музеј и музејот на Пергамон – познат по богатата колекција на антиквитети од Стара Грција, Блискиот Исток и исламската култура. Тука можат да се видат, капијата од градот Вавилон, која датира од 580 г. п.н.е., олтарот на градот Пергамон, како и каппијата од античкиот град Милет. Слободно време за индивидуални прошетки или шопинг низ центарот на Берлин. Поаѓање за Будимпешта околу 21:00ч. Ноќно патување со попатни паузи. 6 ден 19.03.2012 БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕПристигнување во Будимпешта околу 09:00ч. и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав... Слободно време за прошетка во центарот на Будимпешта. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, факултативна можност за крстрарење по Дунав,* под прекрасните будимпештански мостови. Факултативна можност за посета на традиционален ресторан – чарда.* Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање. 7 ден 20.03.2012 БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕПојадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер до центар. Слободно време за индивидуални активности или шопинг на познатата улица „Ваци“ и шопинг центарот „Арена Плаза“. Поаѓање за Скопје околу 18:00 ч. Ножно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и други царински формалности. 8 ден 21.03.2012 СКОПЈЕПристигнување во Скопје во предпладневните часови.
Цена на аранжманот: 15.200 мкд или 245€Во цената на аранжманот вклучено е:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
краен рок за пријавување и уплата 05.03.2012 (минимум пријавени патници за реализација: 30)За ова патување важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ |





