|
![]() ![]() 1 ден 08.03.2012 Скопје- ПрагаСостанок со групата и поаѓање за Прага од пред хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје) во 14:00ч. Дневно и ноќно патување преку Србија, Унгарија и Словачка. 2 ден 09.03.2012 ПрагаПристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во вечерните часови факултативно крстаренје по В´лтава. Враќање во хотел. Ноќевање. 3 ден 10.03.2012 Прага-АмстердамПојадок. Напуштање на хотел. Панорамски разглед на стариод град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица.. Во попладневните часови (околу 18:00ч.) заминување за Амстердам. 4 ден 11.03.2012 АмстердамПристигање во Амстердам во предпладневите часови. По пристигнувањето, Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот Дам, Кралската Палата, Куќата на Ана Франк, Хет националниот споменик, Магна Плаза, Дам, Конинлијке Палеис, посета на работилниците за изработка на дијаманти. Факултативна можност за крстарење низ каналите во Амстердам. Сместување во хотел. Вечерна прошетка низ најстариот дел на градот каде се наоѓа познатиот Де Вален или таканаречениот Red Light District и уште попознатите продавници за кафе, Хемп музеј, театарот Каза Росо... Враќање во хотел. Ноќевање. 5 ден 12.03.2012 Амстердам – Хаг – Шевенинген – РотердамПојадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Амстердам или целодневен факултативен разглед на најубавите холандски градови : Ден Хаг, седиште на карлската фамилија и холандсака влада, посета на најубавите летувалишта на Холандија, Шевенинген и на најголемо европско пристаниште Ротердам... Во вечерните часови враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање. 6 ден 13.03.2012 Амстердам-СалзбургПојадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Амстердам или можност за факултативна посета на националните холаднски музеи Ван Гог – каде се наоѓа најголемата колекција на уметнички дела од авторот Винсент Ван Гог, и музејот Рикс – во кој се изложени уметнички творби кои датираат од 17тиот век... После тоа, факултативна посета на првата оригинална фабрика – музеј на Хајнекен – одлично искуство да се доживее магијата на најпознатото пиво во светот, начинот на производство на пиво и т.н. Во вечерните часови заминување за Салзбург. 7 ден 14.03.2012 СалзбургПристигање во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич: Фонтаната и градината во дворецот Мирабел, родната куќа на Моцарт, Градската палата, Тврдината, споменикот на Моцарт.Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности, шопинг и сл. Ноќевање. 8 ден 15.03.2012 Салзбург- СкопјеПојадок. Слободно предпладне. Заминување за Скопје околу пладне преку Австрија, Словенија Хрватска и Србија. 9 ден 16.03.2012 СкопјеПристигање во Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот: 17.400 мкд или 280€Во цената на аранжманот вклучено е:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
|





