Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Минхен
Печати
falcon travel
Минхен за 8 Март

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја осетат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен. Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

Салцбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

1 ден. 08.03.2012 СКОПЈЕ

Состанок со групата на паркингот кај хотел „ВИП“ и поаѓање за Минхен во 12:00 часот. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. 09.03.2012 КИМ (Chiemsee) – МИНХЕН

Пристигнување на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II, се продолжува патувањето кон Минхен. Пристигнување во Минхен во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден. 10.03.2012 МИНХЕН

Појадок. После појадокот разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно попладне. Вечерта (факултативно) вечера со музика во најпознатата минхенска пивница во баварски национален стил. Ноќевање.

4 ден. 11.03.2012 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ..... Враќање вечерта во Минхен. Ноќевање.

5 ден. 12.03.2012 МИНХЕН – САЛЦБУРГ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот поаѓање кон Салцбург. Разглед на градот. Пешачка тура: Дворец Мирабел и градина , куќата на Моцарт, Гетреидегас, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстарата кафана во Европа од 8 век. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно патување преку Словенија и Хрватска.

6 ден. 13.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.650 мкд или 204€

Задолжителна доплата за влезница на лице место 40 евра

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превозот со високотуристички автобус, ТВ, клима
  • 3 ноќевања со појадок во хотел во Минхен
  • Разглед на Михнен со локален водич
  • Организиран разглед со водич на дворците: Нимфенбург, Линдерхоф, Оберамергау и Ноешваштајн
  • Пратител за време целото патување

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворците (карти за 4-те дворци со трошоците за резервација) – 40€
  • Патничко осигурување – 10€

 

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: