Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Барселона
Печати
falcon travel
Барселона за 8 Март

1 ден: 09.03.2012 СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Поаѓање од Скопје во 13:00ч. од паркингот кај хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје). Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и други царински формалности. Ноќно возење.

2 ден: 10.03.2012 ВЕРОНА – Лаго Ди Гарда

Пристигнување во Верона. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија ... слободно време за прошетка низ Верона.... Поаѓање за Лаго Ди Гарда. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

3 ден: 11.03.2012 ВЕРОНА – БАРСЕЛОНА (Лорет де Мар)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки по Лаго Ди Гарда и подоцна низ Верона. Поаѓање за Барселона (Лорет де Мар) во 15:00 часот. Патување по Азурниот брег. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

4 ден: 12.03.2012 Лорет де Мар

Пристигнување во Лорет де Мар (познато летувалиште по прекрасните песочни плажи, ноќниот живот и забава) околу 09:00 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор прошетки покрај море и низ Лорет де Мар. Вечерта можност за забава во дискотека. Ноќевање.

5 ден: 13.03.2012 Лорет де Мар - БАРСЕЛОНА - Лорет де Мар

Појадок. После појадокот заминување на раглед на главниот град на Каталонија и олимпискиот град Барселона: ремек-делата на Гауди - Фамилија Саграда (не е предвиден влез), Шпанскиот плоштад, Ла Рамбла, Шпанското село (влезницата се плаќа дополнително), Олимпискиот стадион, Гауда Парк, споменикот на Колумбо...По разгледот слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во Лорет Де Мар.Вечерта можност за забава со Фламенко шоу и сангриа. Ноќевање.

6 ден: 14.03.2012 Лорет де Мар – БАРСЕЛОНА – Кан

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и заминување на повторна посета на Барселона. Индивидуални прошетки и шопинг по Ла Рамбла-најубавата улица во Барселона, Каталонскиот плоштад, Аквариумот (влезницата се плаќа дополнително)... Во вечерните часови посета и присуство на шоуто на Магичните фонтани на Плоштадот Еспања.Поаѓање за Кан во 23:00ч. Патување по Азурниот Брег, со попатни паузи за одмор.

7 ден: 15.03.2012 КАН – НИЦА

Пристигање во Кан во утринските часови. Разглед на Кан... филмската Палата, стариот дел на градот, мондемското шеталиште Кроисет... Поаѓање за Ница. Сместување во хотел. Послепладне прошетки по Ница... Руската Црква, авенијата Медсен, Англиското Шеталите, Водопадите... Ноќевање.

8 ден: 16.03.2012 НИЦА – МОНТЕ КАРЛО – МОНАКО - ТРСТ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Продолжување на патувањето кон Монте Карло и Монако. Попатно посета на познатата фабрика за парфеми. Разглед на Монако и Монте Карло... Палатата Грималди,Катедралата, Океанографскиот Музеј, патеката за Формула 1, посета и можност за коцкање во познатите казина во Монте Карло.Околу полноќ поаѓање за Трст. По пристигнувањето во утринските часови, слободно време за индивидуални прошетки или шопинг низ градот. Во пладневните часови, поаѓање за Скопје. Возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

9 ден: 17.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 18.500 мкд или 299€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • превоз со автобус АЦ;ДВД;ЦД;ТВ на релација Скопје – Верона – Барселона – Ница – Монако - Трст – Скопје
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 3* (1НП во Лаго Ди Гарда (Верона), 2 НП во Лорет де Мар и 1 НП во Ница)
  • сите организирани разгледи наведени во програмата
  • професионална придружба за време на патувањето
  • организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • влезницата,превозот и паркингот Шпанско Село - 6€
  • фламенко шоу со сангриа - 23€
  • влезницата за Аквариум во Барселона 17 €
  • влезница за дискотека 7 €
  • влезница за дискотека 5 €
  • патничко осигурување 450 денари
  • билети за јавните превозни средства (метро, автобус...)
  • индивидуални трошоци

 

За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: