Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Рим
Печати
falcon travel
Рим за 8 Март

1 ден 14.03.2012 СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Состанок со групата во 13:00ч. од паркингот пред хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје) и поаѓање за Италија. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 15.03.2012 ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Пристигнување во Венеција во предпладневните часови. Разглед на градот со брод од пристаништето „Пунта Сабионе“. Панорамски разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, Кулата, Прокуратите, мостот Риалто, каналот Гранде... Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 16.03.2012 ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло) – РИМ

Појадок. После појадокот поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим околу 17:00ч. Панорамски разглед на градот – Рим во ноќта. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден 17.03.2012 РИМ – ВАТИКАН – РИМ

Појадок. После појадокот заминување за Ватикан. Посета на црквата Св. Петар и Ватиканскиот музеј (Сикстинската капела). После тоа, разглед на градот со локален водич: Колосеумот, Форумот, плоштадот Венеција, шпанскиот плоштад, Фонтана ди Треви, Пантеон (Рафаеловиот гроб), Пјаца Навоне со Берниевата фонтана „Четири реки“... Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 18.03.2012 РИМ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и продолжување на патувањето за Фиренца – бисерот на ренесансата. Разглед на градот: палатата Векио, катедралата Дел Фиори, крстилницата Сан Џовани, плоштадот Сињори... После разгледот слободно време за шопинг. После тоа, продолжување на патувањето за Скопје преку, Словенија, Хрватска и Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

6 ден 19.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.100 мкд или 195€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација
  • сместување во хотел 3НП (1 ноќевање/појадок во Венеција; 2 ноќевање/појадок во Рим)
  • организиран разглед на Рим со локален водич
  • лиценциран придружник за време на патувањето
  • организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Брод Пунта Сабионе - Венеција - 15 €
  • Посета на Ватикан (Сикстинската палата-водич и влезница) – 25€
  • Влезница за Колосеумот – 20€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Се што не е наведено во програмата

 

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: