Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Париз
Печати
falcon travel
Париз за 8 Март

1 ден 08.03.2012 СКОПЈЕ – САЛЗБУРГ

Состанок со групата на паркингот пред хотел „Холидеј Ин“ и поаѓање за Салзбург во 17:00ч. Патување преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 09.03.2012 САЛЗБУРГ

Пристигнување во Салзбург околу 12:00ч. Панорамски разглед на градот: палатата Мирабел, куќата на Моцарт, познатата шопинг улица – Гетриде... Сместување во хотел. Слободно попладне и вечер. Ноќевање.

3 ден 10.03.2012 САЛЗБУРГ – ПАРИЗ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот во 11:00ч. Слободно време за индивидуални активности, прошетка или шопинг во Сазлбург до 20:00ч. Поаѓање за Париз во 20:00ч. Ноќно возење преку Германија, со попатни паузи за одмор.

4 ден 11.03.2012 ПАРИЗ

Пристигнување во Париз околу 10:00ч. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Република, плоштадот Конкорд, плоштадот Бастилја, катедралата Нотр Дам, латинскиот кварт, Лувр, Елисејските полиња, домот на инвалидите, Триумфалната капија... Сместување во хотел. Слободно попладне и вечер. Ноќевање.

5 ден 12.03.2012ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – ПАРИЗ

Појадок. После појадокот, во 10:00ч. факултативна посета на една од најзначајните и најубавите палати – Кралската палата – Версај и неговите прочуени градини. Враќање во хотел. Слободно попладне. Можност за факултативно крстарење по реката Сена. Слободна вечер. Ноќевање.

6 ден 13.03.2012 ПАРИЗ – ЛУВР – ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и факултативна посета на еден од најпознатите музеи во светот – Лувр и факултативна посета на Ајфеловата кула. После посетата, слободно попладне за индивидуални активности. Поаѓање за Венеција (Лидо ди Јесоло) во 16:00ч. Ноќно патување со попатни паузи за одмор.

7 ден 14.03.2012 ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Пристигнување во Венеција (Лидо ди Јесоло) околу 09:00ч. Заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде ... Враќање во Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

8 ден 15.03.2012 ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло) - ТРСТ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување за Трст. После пристигањето слободно време за шопинг во најдобриот и најевтиниот град за шопинг во Италија или слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во 18.00 часот. Ноќно патување преку Словенија, Хрватска и Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

9.ден 16.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 17.900 мкд или 289€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Салзбург – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* во Париз – 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Разглед на Париз со локален водич
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на музејот Лувр (влезница + водич + превоз) - 20€
  • Посета на Версај (влезница + водич + превоз) - 25€
  • Посета на Ајфеловата Кула (влезница за лифт) - 15€
  • Крстарење по реката Сена – 10€
  • Превоз со брод до Венеција (Пунта Сабионе) – 15€
  • Патничко осигурување - 10€
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНА: Краен рок за пријавување и плаќање на аранжманот и факултативите: 01.03.2012

За реализација на овој аранжман и факултативните излети предвидени по програмата потребни се минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Фалкон Травел и СКТМ

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: