Вие гледате:        Аранжмани / 8ми март 2012 / Кушадаси
Печати
falcon travel
Кушадаси за 8 Март

1 ден 08.03.2012 СКОПЈЕ – ТРОЈА

Состанок со група пред хотел ВИП и поаѓање за Турција во 16:00ч. Ноќно патување преку Р. Грција, со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 09.03.2012 ТРОЈА – КУШАДАСИ

Во раните утрински часови, испловување со траект преку Мраморно Море кај градот Чанаккале. Пристигнување во Троја во утринските часови и посета на античкиот град познат по митот за Илијада. Продолжувањ на патувањето за Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 10.03.2012 КУШАДАСИ

Појадок. После појадокот слободен ден за шопинг и индивидуални активност. Во вечерните часови посета на национален ресторант со богата шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 11.03.2012 КУШАДАСИ – ЕФЕС – СЕЛЏУК – КУШАДАСИ

Појадок. После појадокот, поаѓање за Ефес – еден од најбогатите антички локалитети од античкиот период. Потоа посета на куќата на Св. Богородица, во која ги поминувала последните години од својот живот, како и црквата и гробот Св. Јован во Селџук и храмот на божицата Артемида. Враќање во Кушадаси. Ноќевање.

5 ден 12.03.2012 КУШАДАСИ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време за индивидуални активности или шопинг во центарот на градот. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.Ноќно возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

6 ден 13.03.2012 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.800 мкд или 125€

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Сместување во хотел со 3* во Кушадаси – 3НП (ноќевања со појадок)
  • Превоз со високотуристички автобуси на дадената дестинација
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета и влезница на Троја – 10€
  • Факултативна посетана Ефес, куќата на Богородица и гробот на Св.Јован - 35€
  • Факултативна посета на национален ресторант - 25€
  • Патничко осигурување - 5€

 

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата потребни се мин. 45 патници!

 

Нашите автобуси

Хотелски Резервации

Хотелски резервации

Анкета

Кое би било вашето наредно патување
 

Примајте ги новите понуди

Име:
Email: