|
![]() ![]() 1 ден СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИАСостанок со групатана паркингот пред Хотел Вип и поаѓање за Солун во 05:00ч. Патување преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун во утринските часови. Панорамски разглед на градот: црквата Св. Димитрија, Универзитетот, Саемот, Беазкуле (Белата Кула)... Слободно време за прошетка низ градот или шопинг. Поаѓање за Паралиа околу 17:00ч. која се наоѓа во областа Пиериа – една од најпознатите летувалишта во Грција. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетка низ градот или покрај море. Вечерта факултативна можност за посета на таверна. Ноќевање. 2 ден ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – ПАРАЛИАПојадок. После појадокот, поаѓање за Метеори во 08:00ч. Пристигнување во Каламбака во предпладневните часови. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори, кои настанеле пред околу 60 милиони години. Посета на манастирот Св. Х.Преображение. На враќање кон Паралиа, посета на најголемата фабрика за икони и ретка можност да се види изработката на иконите. Попатно посета на еден од најпознатите манастири Св. Петка. Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање. 3 ден ПАРАЛИА – ВЕРГИНА – ВОДЕН – ПЕЛА – СКОПЈЕПојадок. После појадокот, во 09:00ч. поаѓање за Вергина . Посета и влегување во Кралските гробници на Филип Македонски, Евридика и Александар Четврти. Во 12:00ч. поаѓање за Воден. Разглед на прекрасните водопади и слободно време за разглед на градот или шопинг. Во 14:30ч. поаѓање за Пела – родниот град на Александар Македонски и продолжување на патувањето за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.960 мкд или 80€Во цената на аранжманот вклучено е:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Напомена: за реализација на овој аранжман потребни се мин. 45 патници!За овој аранжман важат Општите Услови за патување на Т.А.Фалкон Травел и СКТМ! |





