|
|
|
| |
|
|
|
| ФАЛКОН информации |
| FALCON Tourist Enterprises |
бyл. Јане Сандански 12 1000 Скопје, Македонија |
| клик за мапа на Фалкон Травел |
тел: 389 2 24 5555 9 тел: 389 2 24 6321 0
факс: 389 2 24 5555 3 |
Работно време:
пон - пет: 09:00 - 20:00
сабота: 09:00 - 15:00
|
| info@falcon.com.mk |
|
|
|
|
|
| |
|
| ОТКРИЈТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА |
 |
МАKЕДОНИЈА -лулка на културата, земја со природни убавини Република Македонија е лоцирана на јужниот дел од Балканскиот полуостров. Со исклучиво поволна географска положба, тука се вкрстуваат трговските патишта на Европа, Азија и Африка, со централно значење на железницата која низ Вардарската долина ја поврзува Централна Европа преку Егејот со Средниот Исток. Македонија е земја на сонце, езера, долини и планини, земја со голема традиција, 4000 археолошки наоѓалишта од кои 150 се прогласени за културни споменици. Стоби, Хераклеа Линкестис, Скупи, Кохино се само дел од нив. Во Македонија постојат 1,720 цркви и манастири изградени во средниот или кон крајот на 19 век, а 135 од нив се прогласени за културни споменици. |
 |
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Име: Република Македонија
Површина:25,333 км2 од кои копно:24,856км2 вода: 477 км2
Географска Положба:Балкански Полуостров со транспортни врски кои ја поврзуваат Западна и Централна Европа со Егејско Море и Јужна и Западна Европа.
Соседни земји: Албанија 151 км, Бугарија 148 км, Грција 228 км, Србија и Црна Гора 221 км
Популација: 2,041,467 жители (попис '96)
Главен град: Скопје
Поголеми градови: Битола, Охрид, Струга, Штип, Куманово...
Валута: 1 Македонски денар (МКД)
Јазик: Македонски (Кирилицно писмо)
Клима: топло и суво лето и есен и ладна зима со снежни врнежи.
|
 |
Транспортни врски за Македонија:
со авион: Интернационални аеродроми: Скопје (24км), Охрид (7км) -: директни летови:Амстердам, Атина, Белград, Берлин, Будимпешта, Копенхаген, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Москва, Минхен, Рим, Штутгарт, Виена, Загреб, Цирих.
со железница: Интернационални патиста: М5 Будимпешта-Белград-Скопје / Атина-Солун-Скопје
Мегународни патишта: Будимпешта-Белград-Скопје / Атина-Солун-Скопје
Истанбул-Софија-Скопје / Истанбул-Солун-Скопје / Тирана-Охрид (Струга)-Скопје
Патни документи: пасош, доколку сте возач на патничко возило потребна е возачка дозвола, документација за регистрирано возило и осигуруванје на возилото - зелен картон. Македонија ги признава возачките дозволи од сите Европски земји.
Државни празници:
1-ви и 2-ри Јануари- Нова Година
7-ми Јануари- Божиќ
Април/Мај - Велигден
1-ви Мај- Ден на трудот
2-ри Август- Илинден (Национален ден на Македонија)
8-ми Септември-Ден на независност
11-ти Октомври-Ден на востание на Македонија
|
 |
|
|
| ИНТЕРАКЦИЈА |

 |
| НАГРАДНА ИГРА |
 |
избор на најубава фотографија од Вашите патувања
(награда: викенд во Охрид)
|
| испрати твоја слика |
|
|
|
|
|